Реал му постави ултиматум на Чаби Алонсо

Иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е во неизвесност. Мадридскиот клуб постави услов за отпуштање на шпанскиот тренер.
Според „Ел Мундо“, судбината на Чаби Алонсо ќе биде решена во натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Доколку Реал Мадрид загуби, шпанскиот тренер ќе биде отпуштен. Одлуката ја донесе управниот одбор на Реал Мадрид на итен состанок.
За потсетување, Реал Мадрид победи само на еден од последните пет натпревари во Ла Лига, со што падна на второто место на табелата. Натпреварот против Манчестер Сити ќе се одигра на 10 декември, а е дел од шестото коло од Лигата на шампионите. Токму од исходот на овој натпревар ќе зависи судбината на Алонсо на клупата на Реал Мадрид.
Исто така, се наведува дека Реал Мадрид веќе е во потрага по нов тренер, а двајца од фаворитите се Зинедин Зидан и Јирген Клоп.