Драмата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел заврши без победник

Вистинска драма донесе натпреварот од 16. коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел. Дуелот заврши без победник, 24-24, по што овие два тима ќе ја продолжат трката за место кое води во плеј-офот.
Пелистерци, кои настапија без повредениот Белистојановски, имаа минимална предност на паузата (11-10). Сепак, во вториот дел гостите од Скопје заиграа подобро и преку Тодор Узунчев и одличниот голман Благојче Трајкоски се обидоа да го скршат отпорот на домаќинот, но пелистерци успеаја останат непоразени во самиот финиш од мечот.
Дуелот во „Боро Чурлевски“ продолжи со израмнета борба во која двата тима се меуваа во водство, но „бутелци“ имаат за што да жалат ако се знае дека на четири минути до крајот преку Узунчев поведоа со три гола предност (21-24). Сепак, младите битолчани се вратија од работ на амбисот и со голот на Митревски на половина минута до крајот стигнаа до значаен бод.
Најдобар поединец кај пелистерци беше Мохамед Азиз со девет голови, а на спротивната страна еден гол помалку постигна Тодор Узунчев.