Лазаров: Оптимист сум, имаме слатка мака кого да избереме

На редовната седница на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот, Кирил Лазаров ги презентираше своите планови за претстојното Европско првенство во Норвешка, Шведска и Данска.
„Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, акцент ќе ставиме на воигрување на тимот, ќе ги искористиме сите можни денови на располгање. Добивме ешка група, се работи за домаќинот Данска, ќе пробаме достојно да го презентираме македонскиот ракомет, тука е Португалија која знаеме каков ракомет игра. Против Романија тука ја гледаме нашата шанса, нема да ја потцениме. Јас сум голем оптимист поради она што го гледам на теренот.
Успеавме да се пласираме на уште едно големо првенство, успеавме да го продолжиме континуитетот на спортот број еден во Македонија од осомостојувањето на нашата држава со сосема нова генерација. Успеавме да наполниме сала со нова генерација. Пласманот е потврда на успешноста на Светското првенство каде игравме со силни противници. Заедно со клубовите направивме јака база на играчи, имаме слатка мака кого да се одбереме. Но, тоа работа на вкус, секогаш ќе има незадоволни од изборот“, рече Лазаров.
Македонија секоја година е учесник на големо натпреварување и постојат темели оваа традиција да продолжи.