Воркапиќ од следната сезона ќе тресе мрежи за Вардар

Српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ, актуелен член на Војводина, ќе се пресели во Скопје и ќе го засили црвено-црниот тим на позицијата десно крило.

Воркапиќ, кој има 28 години, започна во Металопластика, каде што се разви во стандарден репрезентативец. Во 2021 година се пресели во Франција, каде што две сезони го носеше дресот на Иври, за потоа во 2023 година да се врати во Србија и повторно да стане клучен играч на Војводина.

Дополнително, уште едно засилување доаѓа од Србија, од јануари црвено-црниот дрес ќе го облече и бразилскиот репрезентативец Жоао Педро Да Силва, кој исто така настапува за Војводина.