Шкендија донесе скок на клупскиот фудбал, Македонија сега е 46-та

Со победата над Слован Братислава, екипата на Шкендија донесе нови поени за Македонија на УЕФА-листата. Со новата победа во Европа, Шкендија доби нови поени и на моменталната УЕФА-листа ја прескокна Северна Ирска. Македонскиот клупски фудбал сега се наоѓа на 46. место со вкупен коефициент 7,666 од изминатите пет сезони, а само 3,250 од оваа сезона.
Според аналитичарите, Шкендија сега има огромни шанси да пројде во следната фаза. Шансите дека тетовчани ќе бидат помеѓу најдобрите 24 во Конференциската лига се 95%. Во последното коло на КЛ, Шкендија игра на гости со АЕК Ларнака од Кипар.