Македонија до 15 години: Минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Турција на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Голот за победа на гостинската репрезентација го постигна Догу во 31. минута, откако наивно погрешивме во одбраната. Во продолжението, се обидовме да нападнеме, имавме неколку обиди од далечина, но без реализација.

Македонија до 15 години: Огнен Божиновски, Адел Мустафи (85Андреја Блажев), Калин Аврамовски, Дин Рожајац, Давор Танески (57 Горазд Ристовски), Хамза Зубери, Дијар Алиу (57Јован Јанчевски, Павел Димоски (46 Драган Петков), Фисник Амити (74Васко Трајков), Енез Ферати (46 Доротеј Христов), Амар Незири (57` Стефан Стојановски); Селектор: Горан Станковски.

Турција до 15 години: Мете Алиустаоглу, Осман Курумахмут (46Ахмет Серт), Окан Џенгизхан Озкаја, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Топрак Кок, Ајаз Озбугуту, Мете Алиустаоглу, Еге Мандирали, Тунахaн Булут, Керем Шенер (64 Армаган Лортоглу), Нецат Догу (74` Топрак Кок); Селектор: Толга Санбај.

На првиот натпревар меѓу двете селекции, Македонија славеше со 3:2.