Седлоски: Сакам да видам тим кој нема да се откажува

Гоце Седлоски денес беше промовиран како нов селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација.
„За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата. Моја цел ќе биде да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава максимумот“ – рече Седлоски.
„Верувам во квалитетот на фудбалерите, во желбата да го носат македонскиот дрес и достојно да не претставуваат на највисоко ниво“ – изјави Седлоски кој ќе дебитира на клупата во март кога Македонија ќе гостува кај Данска во Копенхаген во баражот за Мундијалот.