Омерагиќ: Баравме човек со „фајтерски“ карактер и го добивме во Седлоски

Првиот човек на мак-фудбалот, Масар Омерагиќ, се осврна на промоцијата на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.
„Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата и треба нова енергија за да го оствариме пласманот на Светското првенство. За нас учеството во баражот е успех, имавме и подобри шанси додека беа мечевите во квалификациите, но таков е фудбалот, понекогаш носи радости, некогаш и разочарувања“ – рече Омерагиќ.
„Дали веруваме дека можеме да ја поминеме Данска? Ако не верувавме, немаше да ги правиме овие чекори. За тие што не веруваат дека можеме да ја поминеме Данска подобро да не се качуваат во авионот. Ние како раководство веруваме во играчите“ – изјави Омерагиќ.