Евролигата го казни Макаби заради навредливи скандирања

Евролигата го казни Макаби Тел Авив со парична казна поради однесувањето на навивачите на еден од натпреварите во елитното кошаркарско натпреварување.

Дисциплинската комисија на Евролигата донесе одлука израелскиот клуб да биде санкциониран со 10.000 евра поради навредливи скандирања од трибините за време на дуелот од 17. коло. Во соопштението се наведува дека однесувањето на дел од публиката било спротивно на правилата и дисциплинскиот кодекс на натпреварувањето. Дополнително, Макаби доби и драконска условна казна во висина од 250.000 евра, но таа ќе се активира само доколку се повторат слични инциденти до крајот на тековната сезона.

Од Евролигата уште еднаш потсетија дека клубовите се одговорни за однесувањето на своите навивачи и дека ваквите инциденти ќе продолжат строго да се санкционираат со цел да се зачува фер и спортска атмосфера на натпреварите.