Куња го спаси Јунајтед од пораз во Лидс

Манчестер јунајтед одигра 1-1 на гостувањето кај Лидс, „ѓаволите“ со крпен состав избегнаа пораз откако Аронсон ги донесе домаќините во водство, Куња изедначи само три минути подоцна.
Рубен Аморим мака мачи со повреди и отсуства, па денеска против Лидс во стартниот состав имаше дури шест дефанзивци и направи само една замена во продолжението од мечот.
Па „ѓаволите“ сосема очекувано се мачеа против новајлијата, кој беше во серија од шест натпревари без пораз.
По едно мирно прво полувреме, Аронсон ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 62. минута, но само три минути подоцна Куња реализираше за 1-1 и поделба на бодовите.