Јуве го враќа Тео Хернандез во Серија А

Тео Хернандез би можел да се врати во Серија А, поранешниот фудбалер на Милан преговара со Јувентус, и е подготвен да се откаже од многу милиони за да го облече „бело-црниот“ дрес.

Минатото лето, Тео Хернандез го напушти Милан и се пресели во Саудиска Арабија во зделка вредна околу 25 милиони евра.

Минатиот месец, левиот бек си ја отвори душата во разговор со Газета дело Спорт, откри дека не сакал да замине од „Сан Сиро“, но практично бил избркан и добил порака од директорите дека ќе дреме на трибини доколку остане.

Како што објави новинарот Карло Пелегати, Тео Хернандез сега подготвува одмазда и преселба во редовите на лут ривал на „росонерите“.

Агентите на Французинот се во контакт со Јувентус и се подготвува терен за враќање на Тео Хернандез во Серија А.

Зделката би се случила по крајот на сезоната, и левиот бек е подготвен да се откаже од многу милиони за да го облече дресот на „старата дама“, неговата сегашна плата е околу 20 милиони евра годишно, и ќе треба да прифати четири пати помали примања.