Вардар го промовираше талентираниот Бобан Поповски

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди потписот со едно од најперспективните крила во земјава, Бобан Поповски кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс.

Станува збор за момче кое има само 17 години, а потекнува од школата на Преспа, за потоа да му се приклучи на развојниот тим на Алкалоид. Поповски беше дел од кадетските и младинските тимови, пред да заигра за Мулти Есенс со кој играше во Првата лига. Тој е и стандарден член на младинските репрезентации на Македонија до својата генерација.

Со потписот на Бобан Поповски „црвено-црните“ доведоа директна замена за капитенот Гоце Георгиевски кој е пред крај на кариерата. Младото момче игра како десно крило и ќе може да работи и учи од искусниот Гоце Георгиевски.

Вардарци веќе сериозно работат на комплетирање на тимот за следната сезона со тоа што се обезбедени потписите на неколку важни играчи од актуелниот ростер, но договорени се и нови засилувања.