Вардар ги доведе првите засилувања зимава

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ денес ќе бидат промовирани како зимски засилувања за екипата на Вардар. Есенскиот шампион потврди дека соработката со двете нови имиња ќе биде официјализирана во текот на денот.

Велковски се враќа во Вардар откако гхо заврши договорот со Зрински, додека Цветковиќ последен пат го носеше дресот на екипата на Железничар Панчево.

„Црвено-црните“ најавија уште две нови засилувања до крајот на неделата.