Ашраф Хакими официјално победник на африканската Златна топка

Frontview of Achraf Hakimi being presented with the African Ballon D'or

На церемонијата за доделување на африканските награди за 2025 година, фудбалерот на Пари Сен-Жермен и репрезентативец на Мароко, Ашраф Хакими, ја освои најпрестижната африканска награда. Ова е првпат од 1998 година марокански фудбалер да го добие ова признание. Хакими имаше одлична сезона, освојувајќи ги сите главни трофеи на клупско ниво, вклучувајќи ја Лигата на шампионите, француската лига и двата доместични купови. Во текот на годината, постигна 9 голови и 12 асистенции во 48 натпревари, што е извонредна бројка за десен бек. Неговите перформанси го донесоа и до финалето за глобалната Златна топка, каде што заврши на шесто место.

Хакими, кој е и капитен на мароканската репрезентација, изрази голема гордост за освоената награда: „Многу сум горд што сум Африканец и што ја претставувам мароканската нација. Овој трофеј не е само за мене, туку и за секој млад африкански фудбалер што сонува да успее“, изјави Хакими. Тој ја нагласи важноста на оваа награда како благодарност за сите кои верувале во него од неговите почетоци, признавајќи ја поддршката од неговото семејство, клубот и нацијата, како и за напорите на африканските фудбалери во светски рамки.

Иако Мароканецот беше награден, многу фанови веруваат дека наградата требаше да ја освој Мо Салах. Напаѓачот на Ливерпул, кој ја водеше својата екипа до титула во Премиер лигата, имаше феноменална сезона, постигнувајќи 34 голови и додавајќи 23 асистенции, само во лигата. Беше сметан за фаворит за наградата, а неговото исклучување предизвика жестоки реакции меѓу некои фудбалските навивачи, кои сметаат дека заслужуваше да биде награден.