Адeјеми сака да си замине од Дортмунд поради сонот на сопругата за живот во метропола

Карим Адeјеми ја информирал управата на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот, а германските и европските медиуми наведуваат дека клучна улога во таа одлука имаат лични причини.
23-годишниот германски репрезентативец, кој има договор до 2027 година, неодамна го промени агентот со јасна цел, да си обезбеди трансфер во следниот период. Според извештаите, неговата сопруга, швајцарската раперка Лоредана Зефи, не е подготвена да продолжи да живее во индустрискиот Дортмунд и преферира живот во поголем европски град. Токму тоа го натерало Адeјеми директно да им ја соопшти својата намера на челниците на клубот.
За Борусија ова претставува сериозен предизвик. Адeјеми е важен дел од тимот на тренерот Нико Ковач и сезонава има учинок од шест голови и пет асистенции на 26 натпревари. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 60 милиони евра, а интерес покажуваат неколку премиерлигаши, меѓу кои Арсенал и Манчестер Јунајтед. Во Дортмунд размислуваат за нов договор со повисока откупна клаузула.
Англиските клубови моментално важат за најсериозни кандидати, со оглед на тоа што брзината и флексибилноста на Адeјеми совршено се вклопуваат во интензивниот стил на игра во Премиер Лигата. Иако во минатото се споменуваа Јувентус и Наполи, промената на агентот јасно укажува дека фудбалерот активно работи на преселба во поголема фудбалска и животна средина.