Артета со ентузијазам зборуваше за младиот дијамант на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го крие своето воодушевување од младиот талент Макс Дауман. Шпанецот со голема увереност зборуваше за способностите на 15-годишниот фудбалер, нагласувајќи дека неговите настапи на тренинзите се на ниво што заслужува шанса во првиот тим.
„Ако не го забележиме овој талент, тоа би било како да сме слепи,“ изјави Артета, пофалувајќи ја зрелоста и посветеноста на Дaуман, кој веќе потпиша стипендиски договор со клубот. За 2026 година веќе е предвиден и неговиот прв професионален договор, што е јасен сигнал за довербата која Арсенал ја има во него.
Артета посочи дека љубовта на Дaуман кон Арсенал и поддршката од неговото семејство го прават идеален проект за иднината на клубот.
Од управата на Арсенал исто така пристигнуваат позитивни сигнали, се гледа дека Дaуман е дел од долгорочните планови, а клубот се надева да ја гради својата иднина преку младинската академија.