Бензема до ѕвездите на Реал: „Мора да прифатиш кога соиграчот е подобар“

Frontview of Karim Benzema playing for Real Madrid

Карим Бензема никогаш не важел за човек што се крие зад клишеа, а неговото најново интервју уште еднаш го потврдува тоа. Поранешниот капитен на Реал Мадрид даде искрена проценка за предизвикот што го очекува Чаби Алонсо на Бернабеу: тим преполн со ѕвезди, но и со кревок баланс.

Според Бензема, тренерot на Реал Мадрид е под постојан притисок да ги користи најголемите ѕвезди. „Алонсо има фантастични играчи и речиси е должен да ги стави сите на терен,“ вели Французинот, потсетувајќи дека во Мадрид секој скап трансфер се смета за автоматски стартер.

Таквата ситуација, добро позната во „галактикос“ ерата, значи дека ротациите се повеќе од тактичко решение, понекогаш се и политичка порака.

Бензема отворено зборуваше и за најголемиот предизвик во тим полн со суперѕвезди: егоата. „Секој играч има свое его. Важно е да сфатат што секој може да му донесе на тимот… мора да се зборува искрено,“ истакнува тој.

Французинот предупредува дека проблемите почнуваат кога фудбалер не може да прифати дека друг забележува повеќе голови или има поголема улога. „Таквите ситуации се јавуваат кога има многу ѕвезди заедно,“ додава тој.

Според Бензема, решението е едноставно, но тешко за прифаќање: јасна хиерархија и зрелост. „Ако соиграчот е подобар од тебе, мораш да го прифатиш. И тој играч има потреба од сите други, никој не може сам,“ порачува тој.

Бензема добро го знае тоа од сопственото искуство, од партнер на Роналдо во сенка, до лидер на напаѓачката линија. Неговата порака до новата генерација е јасна: прифатете ја улогата во тимот или ќе ја нарушите шансата за уште една доминантна ера.