одбојка

Костиќ: Зошто да не изненадиме во Атина!?

Една седмица машката сениорска репрезентација во Маврово мирно се подготвува за престојниот двомеч со Грција и Грузија од евро-квалификациите за ЕП 2026.

Екипата на селекторот Јошко Миленкоски работи со висок интензитет со пресрет на пријателските натпревари со Бугарија во Софија на почетокот на следната недела, кои треба да бидат прв показател на формата во која се наоѓа репрезентацијата.

Секако Грците е единствениот ривал кон кој се насочени сите мисли.

„Со висок интензитет и позитивна енергија работиме во Маврово, фокусирани на дуелите со Грција и Грузија. Желбите и амбициите се да обезбедиме учество на четвртото Европско првенство во низа. Тренираме со полна пареа во пресрет прво на пријателските натпревари. Двомечот во Софија со Бугарија треба да ни покаже дали сме на вистинскиот пат и што треба да корегираме. Потоа следи меморијалот ‘Чајка’, па она главното – мечот со Грција, кој е од клучно значење. Сакам да верувам дека летово ќе го завршиме со две победи и пласман на ЕП. Зошто да не!? Вистина е дека со Грците имаме два порази на последните два натпревари, но тоа не значи дека не може да изненадиме во Атина. Така и победата ќе биде многу послатка!“ – оптимист е Лука Костиќ.

Репрезентацијата в понеделник патува за Софија, каде на 29 и 30 август ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Потоа се стационира во Скопје, каде од 5 до 7 август ќе настапи на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ заедно со Бугарија и Швајцарија, што ќе биде финална проверка на силата пред евро-квалификациите.

Отворено Балканското првенство во одбојка на песок во Тетово

На плоштадот „Илирија“ во Тетово, синоќа, свечено беше отворено годинешното издание на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години мажи и жени. Вкупно 15 екипи од шест балкански земји овие три дена ќе понудат талент, фер-плеј и спортско уживање на македонската одбојкарска јавност, особено на жителите на Тетово.

На свеченото отворањето присуствуваа и се обратија градоначалникот на Тетово, Биљал Касами како домаќин на шампионатот, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, министерот за спорт Борко Ристовски и првиот заменик на Владата Изет Меџити. Заедничката порака која ја упатија е дека „спортот е заеднички јазик меѓу народите“, кој обединува и ја продлабочува соработката меѓу балканските земји.

Македонија веќе традиционално е организатор на БВА Балканските шампионати во одбојка на песок за помлади категории на играчи, кои се вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.

Пауновиќ повика 20 одбојкарки за стартот на Сребрената лига

Првата акција на сениорките летово е учеството во Сребрената Европска лига, која Македонија на отвора на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица како организатор на првиот турнир во периодот од 30 мај до 1 јуни. Селекторот на женската сениорска репрезентација, Стефан Пауновиќ, одлучи да повика 19 одбојкарки на првиот собир во Струмица, за стартот на подготовките за настапот во Сребрената Европска лигa.

Петте интернационалки, организаторите на играта Јонузи и Ричлиева, и примачите Стојанова, Терзиевска и Хаџитошева ќе бидат основата на селекцијата заедно со колешките од трите најдобри екипи во моментов, новиот шампион Јанта Волеј КВ, финалистот на плеј-офот Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ Наковски Волеј.

Македонија домаќин на група на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Европската Златна лига 2024, којашто првпат ќе биде организирана со лигашки формат.

Сите 12 репрезентации кои ќе бидат дел од натпреварувањето ќе одиграат по шест натпревари со различни противници на вкупно три турнири, а секоја федерација ќе организира по еден турнир. Потоа ќе биде одредена конечната табела, од која четирите најдобри селекции ќе одат во полуфиналето.

Исто како годинава, Хрватска ќе го организира завршниот турнир, на 15 и на 16 јуни, така што „коцкестите“ се сигурни учесници на финалниот турнир, заедно со три други најдобри селекции.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17- 19 мај. Вториот турнир меѓу 24-26 мај ќе се одржи во Белгија, а потоа од 31 мај до 2 јуни ќе има трет турнир во Хрватска.