Овој викенд, Евротип уште еднаш потврди зошто важи за вистинско место на шампиони.
Во обложувалниците на Евротип низ Македонија се случи вистински дожд од добитни тикети, а бројни играчи си заминаа со огромни добивки во рака.
Среќата беше на страната на нашите играчи, кои со точни прогнози го одбележаа викендот со низа добитни тикети.
Возбудата, адреналинот и победничкиот дух повторно беа заштитен знак на Евротип.
Евротип продолжува да биде место каде што се создаваат победници, а секој нов тикет носи нова шанса за успех.
Кога е време за тикет – се знае каде се игра.
Евротип! Секогаш повеќе!
МИЛИОНСКА ДОБИВКА ВО ЕВРОТИП!
Среќата повторно се насмевна во Евротип! Наш играч освои 1.000.000 денаридобивка на ВЛТ машините – и да, важно е да се нагласи: ова НЕ е џекпот, туку реална добивка остварена со игра.
Ова е уште еден доказ дека возбудата, адреналинот и големите добивки се дел од секојдневието во Евротип. Секој спин носи нова можност, а секоја игра – шанса за голема победа
ВЛТ машините во Евротип те чекаат
Евротип – Секогаш Повеќе!
Студентите од ФИКТ со едукативна и натпреварувачка презентација на тема сајбер безбедност
Студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) успешно одржаа едукативна презентација на тема сајбер безбедност, при што беа обработени актуелни предизвици, закани и најдобри практики за заштита во дигиталниот свет.
Настанот се одржа во просториите на факултетот, и беше организиран во форма на тимско натпреварување, при што студентите беа поделени во тимови кои меѓусебно се натпреваруваа преку презентации, анализи и практични решенија од областа на сајбер безбедноста. Ваквиот концепт овозможи демонстрација на практични вештини, критичко размислување и тимска работа.
Целта на настанот беше да се подигне свеста за значењето на сајбер безбедноста, како и да се поттикне интересот кај младите за оваа сè поважна и динамична област. Студентите покажаа високо ниво на подготвеност, стручност и практично знаење, што беше позитивно оценето од присутните.
Како поддршка на младите таленти и нивниот ангажман, КС Групацијата ги награди тимовите кои го освоија првото и второто место со пригодни подароци, меѓу кои и „smart“ часовници. Ова признание претставува значаен поттик за нивниот понатамошен професионален развој и унапредување на знаењата во областа на информациската безбедност.
КС Групација и втора година по ред активно инвестира во образованието и развојот на младите, препознавајќи ја нивната клучна улога во градењето на безбедна, иновативна и дигитално напредна иднина.
КС ГРУПАЦИЈА ГИ СЛАВИ СВОИТЕ ЛОЈАЛНИ ХЕРОИ
Во КС Групација веруваме дека вистинскиот успех се гради преку луѓето. Токму затоа со голема гордост го одбележуваме јубилејот на четворица наши колеги кои веќе деценија се дел од нашето заедничко патување, придонесувајќи со труд, искуство и посветеност во рамки на Евротип и Голд Слот Клуб.
Љупчо Биневски, со својата експертиза во креирањето на коефициенти во Евротип, секојдневно придонесува за фер и конкурентна понуда во спортското обложување.
Антонио Грујовски, дел од тимот за управување со ризик во Евротип, игра клучна улога во следење и анализа на ризиците поврзани со обложувањето. Со својата аналитичност, прецизност и чувство за баланс, тој обезбедува стабилност во системот и сигурност во работењето на компанијата, при што неговата експертиза помага во одржување на фер и одржливи услови и за клиентите и за компанијата.
Маја Нуткова, операторка во Евротип – Неготино, со професионален пристап и тимски дух создава позитивно искуство за секој клиент.
Александра Бошевска, операторка во Голд Слот Клуб, со својата енергија и насмевка придонесува за атмосферата и имиџот на еден од водечките брендови во забавната индустрија.
Евротип и Голд Слот Клуб, како дел од КС Групација, се препознатливи брендови кои повеќе од една деценија поставуваат стандарди во областа на спортските обложувалници и забавните игри. Нивниот успех е резултат токму на луѓето кои стојат зад нив — посветени професионалци што го носат тимскиот дух како главна вредност.
КС Групацијата, која обединува компании од различни сектори како Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелиција, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент, со задоволство им честита на нашите колеги за нивната јубилејна награда, со благодарност за долгогодишната лојалност, професионализам и придонес.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна – да продолжиме заедно да растеме, создаваме и инспирираме!
Успешно реализирана 16-та крводарителска акција на КС Групација!
Со големо задоволство ја објавуваме успешната реализација на 16 крводарителската акција организирана од страна на КС Групација. На 14 октомври 2025 година, во соработка со Црвен крст Битола и Службата за трансфузиологија при ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“, организиравме отворена крводарителска акција во нашите простории во Битола.
Овој гест на солидарност и хуманост е доказ за нашата посветеност на доброто во заедницата. Крводарителската акција не би била успешна без поддршката од сите наши компании, кои активно учествуваа во организирањето и реализацијата на настанот.
Оваа крводарителска акција е само дел од нашата посветеност кон општествената одговорност. Продолжуваме да вложуваме во хуманост, солидарност и активни потези кои ќе придонесат за подобар и поздрав живот за сите нас. Како компанија, остануваме посветени на тоа да го подобриме и збогатиме животот на заедницата преку различни хуманитарни и социјални активности.
Од студентска клупа до работно место – приказната на Анамарија со програмата за стипендисти на КС Групација
Замислете да сте студент кој сонува за успешна кариера, а уште додека студирате ви се отвораат вратите кон вистински работни искуства. Тоа не е само идеја, туку реалност што веќе третата година по ред ја нуди КС Групација преку својата Програма за стипендисти – во соработка со образовните институции.
Програмата на КС Групација им овозможува на најдобрите студенти не само финансиска поддршка за време на студиите, туку и летна пракса во една од нашите компании. Таму, теоријата од факултетските клупи се претвора во реална практика – со вистински луѓе, вистински проекти и вистински предизвици. А најдобрите приказни не завршуваат со праксата – тие продолжуваат со вработување.
Интервју со Анамарија – од студент до дел од тимот на Евротип
На кој факултет студираше и во која насока?
“ Студирав на Меѓународен Славјански Универзитет, на Факултетот за економија и организација на претприемништво, насока менаџмент и претприемништво.”
Колку од тоа што го учеше на факултет успеа да применеш во пракса?
“ Голем дел од теоретското знаење што го стекнав на факултет ми помогна полесно да се вклопам во практичната работа.”
Какво беше чувството првиот ден во Евротип и како изгледаше твоето искуство за време на праксата?
“ Првиот ден бев возбудена и со мала трема, но тимот на Евротип многу топло ме пречека и ми помогна брзо да се прилагодам. За време на праксата имав можност да се запознаам со реалното функционирање на една голема компанија,со различни оддели и процеси. Секој ден носеше нови предизвици и нови знаења.”
Што најмногу научи и што ти остави најсилен впечаток?
“ Најмногу научив колку е важна тимската работа и комуникацијата во една компанија. Секој вработен има своја улога и кога сите заедно функционираме како тим, резултатите се далеку подобри. Најсилен впечаток ми остави професионалниот однос и посветеноста на колегите, кои и покрај големиот обем на работа секогаш беа подготвени да помогнат.”
Како изгледаше процесот од пракса до вработување?
“ Процесот од пракса до вработување беше многу мотивирачки. За време на праксата имав можност да се запознаам со работните процеси и со тимот на компанијата, а исто така работев и на реални задачи. Тоа ми помогна побрзо да се прилагодам и без проблем да продолжам како дел од тимот.”
Во кој сектор работиш денес и која е твојата улога во компанијата?
„Работам во маркетинг секторот, каде што сум одговорна за анализа и следење на резултатите од кампањите. Тоа ми овозможува секојдневно да ги применувам аналитичките вештини што ги развив за време на студиите.“
Што би им порачала на идните стипендисти кои ќе ја започнат својата пракса преку програмата на КС Групација?
“Би им порачала да бидат отворени за нови искуства. Практичната работа е најдобар начин за учење и развивање на вештини кои не се стекнуваат од книги. Да бидат посветени, активни и да ја искористат оваа можност максимално, затоа што праксата може да им отвори врати кон нивната идна кариера.”
Порака до идните генерации
Приказната на Анамарија е доказ дека младите таленти имаат простор да растат и да блеснат тогаш кога ќе им се даде вистинска шанса. А ние во КС Групација веруваме дека вложувањето во младите е најдобрата инвестиција за иднината – и на компанијата, и на заедницата.
Затоа, ако сте студент кој сака да го претвори учењето во искуство, аплицирајте. Можеби токму вашата приказна ќе биде следната што ќе ја раскажеме.
КС Групација – семејство на компании
КС Групација е динамична и растечка бизнис заедница составена од повеќе компании кои делуваат во различни области:
Компаниите што ја сочинуваат КС Групација се: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент.
Наместо само програма, ова е патување. Наместо само пракса, ова е приказна што веќе пишува нови поглавја.
Evrotip Спортските Oбложувалници и Gold Slot Club на SBC Summit 2025 во Лисабон.
Претставници на Evrotip Спортските Oбложувалници и Gold Slot Club учествуваа на SBC Summit 2025 во Лисабон – глобален настан кој оваа година беше фокусиран пред сѐ на најновите трендови, иновации и иднината на iGaming индустријата.
Во текот на самитот се одржаа бројни состаноци со постоечки партнери и беа воспоставени нови контакти со водечки компании и потенцијални соработници од целиот свет.
Посетата беше искористена за интензивно вмрежување, размена на знаења, идеи и можности за идни партнерства во доменот на дигиталното обложување и технолошките решенија за современи gaming платформи.
Присуството на вакви меѓународни настани претставува дел од стратегијата за развој и интернационализација на нашите брендови, како и дополнителен чекор кон усвојување на најдобрите пракси и иновации во индустријата.
Евротип – Фабрика за милионери!
Евротип уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција на пазарот на спортското обложување. Со години наназад, Евротип е препознатлив по големите добивки, уникатните промоции и довербата која ја ужива кај своите играчи. Компанијата ја нагласува својата мисија – да создава среќни добитници и да ја приближи можноста за милионска добивка до секој играч. „Нашите играчи се центарот на нашето внимание. Ние ја градиме Фабриката за милионери како симбол на надеж, возбуда и можности за сите кои веруваат во својата среќа,“ – велат од Евротип. Со секој тикет – шансата расте.
Евротип продолжува со доделување на јубилејни награди
Евротип, денес дел од КС Групација, е еден од водечките брендови во областа на спортските обложувалници во Македонија. Компанијата континуирано вложува во развојот и создава можности за напредок на своите вработени, поттикнувајќи култура на лојалност и професионализам.
Овој месец со особена гордост ја одбележуваме 10-годишнината од работниот ангажман на Соња Дојошевска, која со своето искуство, прецизност и одговорност долги години работи во секторот за ревизија во спортските обложувалници на Евротип.
Соња е пример за професионалец кој со посветена работа, дисциплина и исклучителна одговорност придонесува за развојот и стабилноста на компанијата. Нејзината експертиза и долгогодишно искуство се од непроценлива вредност за целиот тим.
КС Групација и Евротип ѝ честитаат на Соња за јубилејната награда, ѝ се заблагодаруваат за нејзината посветеност и придонес и ѝ посакуваат уште многу успешни години заедничка соработка и професионален раст.
Евротип и Голд Слот Клуб – Поддржувачи на 24-от Меморијален турнир во мал фудбал „Бобан Трпков“
Со особена чест информираме дека Евротип и Голд Слот Клуб беа официјални поддржувачи на спортските активности поврзани со 24-от Меморијален турнир во мал фудбал „Бобан Трпков“, кој се одржа на 13 септември 2025 година во населба Драчево.
Евротип и Голд Слот Клуб остануваат доследни во својата определба и во иднина да ги поддржуваат ваквите проекти, со цел развој на спортот, унапредување на заедништвото и поттикнување на младите генерации кон здрави навики и спортски дух.