Car Show Битола 2025 – КС Групација со игри, забава и хуманост
Во саботата на 21 јуни, паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ беше центар на автомобилската култура, енергија и заедништво. КС Групација, составена од седум истакнати компании – Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелиција, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент– со гордост беше дел од најголемиот Car Show во Битола, каде не само што го претстави својот бренд, туку создаде и вистинска хумана приказна. На нашиот штанд понудивме интерактивна забава за сите генерации:
PS5 дуели во Need for Speed Cornhole турнир со награди Спин тркало за пиво и подароци
Она што го направи овој ден посебен беше што секој учесник, преку симболична донација, стана дел од хуманитарна мисија – поддршка за семејството на Ице Андонов, младо момче кое трагично го загуби животот во неодамнешниот пожар во Кочани. Неговото возило беше поставено на изложбата – скромен, но моќен потсетник на една млада пасија. Емоциите, насмевките и ентузијазмот беа нашиот најголем успех. Атмосферата на штандот на КС Групација ја надмина секоја очекувана формула – беше спој на адреналин, солидарност и вредности кои ги негуваме како компанија. Благодарност до сите што нè поддржаа – ова не беше само шоу, туку настан што допре до срцата.
КС Групацијата со нова донација во пресрет на уписите!
Во пресрет на уписите на нови ученици во средните училишта, КС Групацијата со гордост донираше средства за подобрување на условите во Средното медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“ – Битола.
Со оваа донација даваме поддршка за поквалитетни и подостоинствени услови за образование, каде младите идни медицинари ќе можат да учат и напредуваат во современа и стимулативна средина. Ова е само еден чекор од нашата мисија.
Во иднина, ќе продолжиме активно да инвестираме во образованието и подобрување на условите за непроценливо одвивање на наставата за сите ученици.
Евротип дел од 15-та крводарителска акција на КС Групација
На 11 јуни
2025 година, КС Групација ја организираше својата 15-та по ред крводарителска
акција, која се одржа во просториите на компанијата во Битола. Настанот беше
организиран во соработка со Општинската организација на Црвен крст Битола и
Службата за трансфузиологија при ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“.
Во оваа
значајна иницијатива активно учество земаа вработените од сите компании што се
дел од КС Групацијата, меѓу кои и тимот на Евротип, кој со своето
присуство уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општествено одговорни
активности.
Одзивот беше
одличен, со вкупно 27 дарители кои
доброволно донираа крв и придонесоа за спасување човечки животи. Настанот го
поддржаа и нашите партнери Mint Fintech и JK Travel.
Посебна чест
беше присуството на претседателката на Општинската организација на Црвен крст
Битола, Лилјана Ристевска, која ја истакна важноста од континуираната соработка
со компании како КС Групацијата, кои вложуваат во заедницата.
Во знак на
благодарност за професионалноста и поддршката, КС Групацијата додели симболични
подароци на тимовите од Црвен крст и медицинскиот персонал од трансфузиолошката
служба.
Во Евротип веруваме дека општествената
одговорност започнува со дела, а хуманоста е вредност која ја градиме
секојдневно. Горди сме што сме дел од иницијативи кои носат вистинска промена и
поттикнуваат заедништво.
Индустрија што може повеќе: Време е игрите на среќа да добијат нова улога
Интервју со Илија Илијевски, Генерален менаџер на спортските обложувалници
Евротип
Игрите на среќа се отсекогаш актуелна тема во нашето општество па и пошироко.
Годинава се навршуваат 10 години од постоењето на спортските обложувалници
Евротип, па по тој повод би сакале одблизу и отворено да продискутираме на тоа
што значи да се биде во оваа индустрија.
Новинар: На почеток би
сакале да добиеме едно Ваше размислување како вовед во делот на она како
гледате на индустријата на игри на среќа од аспект на човек кој тоа долги
години секојдневно го работи.
Во годините што доаѓаат, индустријата на игри на среќа ќе мора да одговори
на едно јасно прашање:
Дали сакаме да бидеме
дел од проблемот – или дел од решението?
Како човек кој со години го гради својот професионален и личен идентитет во
оваа индустрија, верувам дека игрите на среќа не се нужно нешто негативно. Но, исто
така знам дека нивниот потенцијал — и добриот и лошиот — е огромен. Затоа
мораме да зборуваме гласно: за одговорноста, за моќта на влијание и за новата
улога што оваа индустрија може да ја има во општеството, како и пред се за општествената одговорност.
Би сакал да напоменам дека индустријата веќе генерира сериозни даночни
приходи, создава илјадници директни и индиректни работни места, и е двигател на
дигитални иновации.
Во Евротип, како една од водечките
спортски обложувалници, активно вложуваме во технологија, мобилни апликации,
дигитални платформи, системи за персонализирани понуди и реална customer
support вредност.Вработуваме млади луѓе од сите струки кои тука се развиваат и
унапредуваат воедно изработуваат производи кои може да се продадат на сите
светски пазари особено во делот на дигитализација и програмирање.
Но тоа не е доволно.
Мораме да покажеме како индустријата може да создава опиплива вредност за
заедницата. Со поддршка на домашни спортски клубови, локални ИТ партнери,
соработка со универзитети, и создавање нови профили на стручњаци, а ние во
Евротип токму тоа го работиме.
Во тој дел имаме потпишано меморандуми за соработка со универзитети од што
произлезе и програмата за стипендирање на средношколци и студенти.
Евротип е сериозен спонзор на спортски екипи и спортски настани, при што
сакам да напоменам дека неодамна сме генерален спонзор и на фудбалски тим кој
го носи името Евротип и се натпреварува во третата македонска лига, а исто би
го потенцирал и Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој има и сериозни резултати
во нашата држава и натпревари на мегународен план како и ред други спонзорства
Одговорноста не е избор — туку обврска
Одговорноста не е избор, туку обврска. Во Евротип
одговорноста кон заедницата и колективната одговорност ни е на прво место
односно пред личната.
Во време кога дигитализацијата го олеснува пристапот до игрите, наша
морална и деловна обврска е да понудиме алатки за самоконтрола, едукација,
системи за лимити и real-time известувања. Да ја подигнеме свеста кај играчите,
но и кај јавноста.
Не се работи само за регулативи и закони. Се работи за етика, вредности и
долгорочна визија.
Јас, верувам дека оваа индустрија може повеќе.
Повеќе за економијата.
Повеќе за спортот. Повеќе за луѓето.
Постојано работиме на:
Проекти за млади и спорт
Партнерства со невладини организации за ментално здравје
Образовни кампањи и јавни настапи
Градење мост помеѓу приватниот сектор, регулаторите и
Заедницата
Нашиот фокус не е само на резултатите, туку и начинот на кој ги
постигнуваме.
Индустрија треба да носи вредност во секоја сфера од општественото живеење,
а не само приход.
Што значи тоа во пракса?
Алатки
за самоконтрола ,
Образовни
содржини и јавни кампањи ,
Системи
за лимити, известувања во реално време, и активна поддршка за играчи во
ризик .
Ова не се само „мерки“ – ова се вредности.
И не се прават заради закони, туку затоа што веруваме во етички раст.
Затоа повторно би потенцирал дека нашиот фокус во Евротип, не е само на
резултатите, туку и начинот на кој ги постигнуваме затоашто впрочем кога
мислиме на обложување мислиме на начин на забава и можност за добивка низ
забава ,но не и како животен стил ,а уште помалку како начин на остварување на
добивки без работа и труд од страна на клиентите.
Јас сум човек што верува во визија.
Во тимска работа.
Во тоа дека успехот не се мери само во бројки, туку и во влијание.
Во Евротип, градиме култура што го спојува она најдоброто од технологијата,
спортот и односите со луѓето. Тимот не работи за брендот – тимот е брендот.
Да изградиме заедничка
приказна. Индустрија што не срами – туку инспирира.
Индустрија што не крие
– туку вложува.Индустрија што не дели – туку обединува.
Слика:
Како
започна твоето патување во индустријата на игрите на среќа?
Моето патување започна од љубопитност и
страст за стратегија, математика и однесување на луѓето. Уште од самиот почеток
ме привлекуваше динамичноста на оваа индустрија – местото каде што
технологијата, статистиката и емоцијата се среќаваат. Од самиот почеток,
поминувајќи низ сите фази – низ backup
office, од терен до стратегиско планирање, ми овозможи да го разберам
бизнисот и од перспектива на играчот, и од перспектива на организаторот.
Што те
издвојува како лидер во оваа индустрија?
Јас не се задоволувам со статус кво. Секогаш
се прашувам: „Како може ова да биде подобро?“ Вложувам во анализа, иновација и
во градење на тим кој размислува како бренд, а не како обична работна
структура. Мојот фокус е јасен – искуството на корисникот, брзината на исплата,
конкурентноста на квотите и довербата што ја создаваме на долг рок.
Кои се
клучните вредности што ги пренесуваш на тимот со кој работиш?
Принципите се едноставни, но моќни:
транспарентност, брзина на одлуки, професионализам и страст. Секој во тимот
треба да чувствува дека е дел од нешто поголемо. Не само дека продава услуга,
туку гради лојалност, репутација и иновација – секој ден.
Каква е
твојата визија за иднината на индустријата на игри на среќа?
Иднината ќе ја обликуваат оние што ќе најдат
рамнотежа помеѓу забава и одговорност. Верувам во ESG принципите – во тоа да
бидеме економски силни, но и социјално чувствителни. Воедно треба да градиме и
чесност за долг рок. Сметам дека новите технологии како вештачка интелигенција,
VR и персонализирани понуди ќе бидат двигатели на следната ера. Но, луѓето –
клиентите и тимовите – ќе останат во сржта на секој успех.
*Слика:Сертификат
Бизнис интегритет
Што
најмногу те мотивира?
Успехот на оние околу мене. Кога ќе видам
дека некој од тимот расте, дека клиент ни верува и се враќа, дека сме
постигнале нешто што конкурентите не успеале – тоа ме исполнува. Јас сум играч
по природа, но стратег по одлука. Ме мотивира борбата за прво место, но со
стил, фер-плеј и долгорочна визија.
Што би
резимирале за крај,која порака би ја испратиле ?
За
крај би кажал едно:Индустријата за игри
на среќа нема потреба да се оправдува-туку да се трансформираи подобрува. Индустрија што не крие, туку вложува. Индустрија што не дели, туку
обединува.
Имаме ресурси,знаење и влијание-но дали ќе ги
користиме за моментален профит или за долгорочна вредност,зависи од нас.
Би подвлекол дека е потребна поголема
комуникација со институциите на системот,посебно со законодавачот и сите
останати инволвирани во игрите на среќа ,се со цел нашето искуство од
работењето да можат соодветно да го искористат и градиме win-win стратегии за сите во делот на
одржливоста како и подигнување на свеста на играчите , а игрите на среќа да ги
подигнеме на ниво на забава , а не на поттикнување на општествени проблеми и
оштетени семејства.
Мојата порака е јасна:
Одговорноста
не ја спречува играта.Таа ја прави одржлива.
Ако сакаме да бидеме релевантни и утре, мора
денес да покажеме карактер како луѓе, како компании,како индустрија. Токму
затоа низ целиот разговор најголемиот акцент го ставам на одговорноста и
придобивките кои ги носи оваа индустрија во секој поглед.
Евротип продолжува со доделување на јубилејни награди
Компанијата Евротип која е дел од КС Групација и која успешно опстојува на македонската бизнис сцена веќе 10 години, минатиот месец започна со доделување на плакети и награди за своите вработени кои се дел од компанијата од самиот почеток.
Овој месец е посветен на Христијан Деловски кој е креатор на специјалните игри во понудата на Евротип. Тој го започнува своето работење во компанијата во секторот понуда и авторизација, а после одделувањето на овој сектор во два посебни сектори Христијан останува да работи во секторот понуда.Како посветен и лојален вработен кој амбициозно чекори низ деловниот процес на Евротип пред една година е унапреден со ново работно место и станува одговорен на анализа и контрола на понуда и авторизација.На прашањето „Каде се гледа после 10 години?“ – Христијан гордо одговара дека се гледа како дел од КС Групација.
КС Групација му честита за јубилејната награда на својот вработен Христијан Деловски, му се заблагодарува за неговиот придонес кон работата и му посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.
Евротип ги награди своите вработени за нивниот 10 годишен работен јубилеј
Евротип
компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од КС
Групацијата започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени.
Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а Евротип може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.
Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија. На вработените од Прилеп – Влатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска, Битола – Даниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска, Кичево – Маријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска, и Кавадарци – Павлинка Димова и Пенелопи Гурева кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток Евротип им додели плакети, парични награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во Голд Фелициа, ЈК Травел или Минт ИНС, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење. Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.
Евротип како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од КС Групацијата – Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт ги цени и вреднува своите вработени.
Нивната посветеност,
лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим
посилен и поуспешен.
Евротип им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.
На 1ви март Евротип беше присутен со свој штанд на Струмичкиот Карневал.
Овој настан беше прилика нашата компанија маркетиншки да се претстави пред струмичката јавност, како и пред гостите од регионот и пошироко.
Нашата маскота и хостесите се прошетаа низ морето на маски со што оставија белег за присуство на карневалот како и промоција на својот бренд.
Евротип учествуваше во панел за женското здравје!
Евротип компанија која е дел од КС Групацијата, позитивно одговори на поканата да биде дел од панел дискусијата на тема “Здравјето на жената и бременоста”, која се одржа во Хотел Стоун Бриџ во Скопје. Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на здравјето на жената и да обезбеди простор за размена на искуства и совети од стручни панелисти.
Како компанија која се грижи за благосостојбата на своите вработени Евротип организираше група на вработени од Скопската Групација да присуствуваат на ова предавање. По завршувањето на панел дискусијата, следеше неформална кафе дружба, која им овозможи на вработените подобро да се запознаат и да разменат идеи и искуства во опуштена атмосфера. Ова беше одлична прилика за подобрување на тимската соработка меѓу вработените.
КС Групација ја спроведе 14 крводарителска акција
КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт успешно ја спроведе 14-та крводарителска акција од отворен тип. На крводарителската акција која се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола се собраа 39 крвни единици.
Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од самата Групација. Кон крводарителската акција се приклучија и вработени од Минт Финтек Груп.
Со редовното организирање на крводарителски акции КС Групацијата сака да даде личен пример за зголемување на свеста кон дарувањето на најдрагоцената течност која живот значи. Со донирањето на крв можат да се спасат човечки животи, а и се обезбедуваат потребните залихи на крв за хитни медицински ситуации.
Менаџерскиот тим на групацијата истакна дека ќе продолжи со организирање на крводарителски акции и во иднина бидејќи донирањето на крв е од витално значење за цело општество.
Евротип и МКК Куманово го официјализираа договорот за соработка.
Спортските обложувалници Евротип кои се дел од КС
Групацијата, ја официјализираа
соработката со кошаркарскиот клуб МКК Куманово.
Официјалното потпишување на договорот за спонзорство се
случи пред саботниот натпревар од првата македонска лига помеѓу домаќинот МКК
Куманово и КК Кожув.
На истиот присуствуваа претставници од раководството на
кумановскиот клуб и од компанијата Евротип.
На потпишување на договорот беше направена и промоција на
новите клубски дресови на кои стои логото на Евротип. Публиката која беше
присутна на натпреварот беше пријатно изненадена со бројни награди кои им ги
додели менаџерката за Куманово на Евротип Јелена Шутевска.
Евротип без сомневање ќе биде сојузник на МКК Куманово на
патот кон идни успеси во кошарката.