Кристиано Жуниор чекори кон се поголема слава во неговата кариера

Кристиано Роналдо Жуниор, најстариот син на фудбалската легенда Кристиано Роналдо, направи важен чекор во својата млада кариера: го забележа својот прв настап за португалската репрезентација до 16 години. На само 15 години и три месеци, младиот напаѓач влезе во игра во последните минути од натпреварот против Турција, во кој Португалија славеше со 2:0 на турнирот „Federations Cup“ во Анталија. Иако настапи кратко, дебито го означи напредокот на неговиот пат во националниот дрес.
Роналдо Жуниор моментално настапува за младинскиот тим на Ал Наср клубот во кој блеска и неговиот татко. Неговиот настап за У16 е уште еден чекор во создавањето на нова фудбалска приказна во семејството Роналдо. Претходно, тој веќе се истакна со репрезентацијата У15, каде што постигна два гола во финалето на турнирот „Влатко Маркович“.
Многумина со интерес ќе го следат неговиот развој и ќе се прашуваат дали младиот Кристиано ќе може да ја продолжи славната традиција на својот татко.
Португалија У16 продолжува со настапите во Турција, каде што ги очекуваат мечеви против Велс и Англија. Победата над Турција ја обезбедија Самуел Тавареш и Рафаел Кабрал, таленти од познатите португалски академии.
Со приклучувањето на Роналдо Жуниор, тимот добива нова димензија и симболичен поттик, доказ дека новата генерација веќе тропа на вратите на иднината на португалскиот фудбал.
 
		 
		 
		