Eдна година од најголемата трагедија во кошаркарската историја!

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант, заедно со неговата ќерка Џиана, пилотот и шест семејни пријатели. Тие патуваа на натпревар на екипата на Џиана, чиј тренер беше токму Коби Брајант, но поради густата магла пилотот ја загуби ориентацијата и удри во планината кај Калабасас. Беше тоа една од најболните спортски трагедии во историјата, бидејќи животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и тоа во својата 41. година од животот, неполни четири години од крајот на една величествена кариера.