Eнцо Фернандез на радарот на Клоп и Ливерпул

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, а најновоти име на списокот на „црвените“ е Енцо Фернандез од Бенфика.
Клоп сака да го засили средниот ред, каде нема многу алтернативи, па во јануари ќе се насочи кон ѕвездата на Бенфика.
21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.
Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а Клоп сака да го донесе на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок.