Голманот на Тотенхем се пензионира на 26 години и започнува кериера како режисер

Alfie Whiteman with the Europa League trophy

Поранешниот голман на Тотенхем, Алфи Вајтмен, на 26 години објави дека се повлекува од професионалниот фудбал за да ја следи својата креативна страст, режијата и фотографијата.

Вајтмен му се приклучи на Тотенхем кога имал само 10 години и помина цели 16 сезони во клубот, вклучувајќи и период на позајмица во Шведска. Иако ретко добиваше минути во првиот тим, беше дел од составот што минатата сезона го освои трофејот во Лига Европа, со што го заокружи своето долго патување од дете маскота до професионален играч со европски медал.

Покрај фудбалот, Вајтмен отсекогаш негувал интереси во уметноста. Посетувал часови по глума, се занимавал со фотографија и водел свое инди радио шоу. Наместо во луксузен автомобил, често патувал на тренинзи со јавен превоз, симбол на неговиот посебен пристап кон животот и спортот.

Во едно искрено признание, тој откри дека уште на 17 или 18 години почнал да се преиспитува дали фудбалот навистина е неговиот повик. Таа мисла со текот на годините созреала во одлука, да го напушти спортот и целосно да се посвети на креативните уметности.

Сега е потпишан со лондонско-лосанџелеската продукциска куќа „Somesuch“ и веќе работи на неколку филмски и фотографски проекти кои ги спојуваат раскажувањето и визуелната уметност.

Приказната на Вајтмен е инспиративен пример дека и спортистите можат успешно да преминат во сосема поинакви кариери, следејќи го она што навистина ги исполнува.