Индонезија го отпушти Клајверт по неуспехот во квалификациите

Патрик Клајверт е отпуштен од функцијата селектор на индонезиската фудбалска репрезентација по неуспешниот обид за пласман на Светското Првенство. Поранешната ѕвезда на Барселона и Ајакс беше назначен во јануари 2025 со договор на две години, но заминува по лошите резултати и последното место во квалификациската група, каде Индонезија загуби убедливо од Саудиска Арабија, Ирак и Иран.
Фудбалската Федерација на Индонезија соопшти дека соработката е раскината по взаемен договор. Заедно со Клајверт, отпуштен е и целиот стручен штаб.
Во 8-те натпревари под негово водство, Клајверт не успеа да донесе резултати што ги очекуваа навивачите. Неговото доаѓање беше пречекано со ентузијазам, со надеж дека ќе донесе европско искуство и мудрост. Но, слабите игри и резултати брзо ја намалија таа почетна возбуда, оставајќи ја федерацијата под силен притисок да реагира.
По неговото заминување, Индонезија ќе треба брзо да најде нов селектор што ќе ја предводи репрезентацијата во нов циклус.