Јувентус го набљудува Мареска додека расте притисокот врз Тудор

Јувентус внимателно го следи тренерот на Челси, Ензо Маерска, како потенцијална долгорочна замена за Игор Тудор, чие водство е сè повеќе под лупа и покрај договорот што трае до 2028 година.
Резултатите под водство на Тудор се мешани, а со високите очекувања во Торино, клубот веќе почнал да ги разгледува опциите доколку ситуацијата се влоши. Еден од најсериозно разгледуваните кандидати е токму Маерска, кој остави силен впечаток со својата тактичка зрелост и тренерски развој.
45-годишниот стратег минатата сезона го водеше Челси до четвртото место во Премиер Лигата, како и до два трофеи. Но, новата сезона започна со нестабилна форма и наводни несогласувања околу трансферите, што предизвикува шпекулации за неговата иднина во Лондон.
Маерска има длабока поврзаност со Јувентус – како фудбалер настапуваше за клубот од 2000 до 2005 година. Токму таа историја дополнително го зајакнува интересот на Старата Дама за него како можен иден тренер. Раководството на клубот редовно ги следи натпреварите на Челси и го анализира неговиот тренерски учинок.
Иако од Јувентус официјално велат дека нема разговори и дека Тудор останува на функцијата, јасно е дека клубот го држи под надзор развојот на ситуацијата. Доколку дојде до промена, Маерска би можел да биде еден од водечките кандидати за клупата во Торино.