Keжман негира дека Милинковиќ Савиќ се договорил со ПСЖ
Матеја Кежман , агентот на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ , го демантираше информациите за желбата на српскиот фудбалер да игра за Манчестер Јунајтед. Според изјавата која ја дал Матеја Кежман тој ги демантираше и зборовите за преговарање со францускиот ПСЖ.
Претходно беше објавено дека скаутите на „црвените ѓаволи“ го гледале Милинковиќ-Савиќ во последните натпревари и заклучиле дека е подготвен да игра за Манчестер Јунајтед, и дека се сретнале со Кежман во Италија за да преговараат за бараната цена на играчот од средниот ред со Лацио.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (27) е во Лацио од 2015 година кога дојде од Генк. Договорот на Милинковиќ-Савиќ со Лацио истекува во летото 2024 година. Тој е проценет на 70 милиони евра.