Кејн го открива рецептoт за Златната топка: „Не се бројат само головите“

Хари Кејн, голгетерот на Англија и Баерн Минхен, оваа сезона блеска со вкупно 31 гол + асистенција за клубот и репрезентацијата. Но, и покрај импресивните бројки, тој смирува дека личната статистика не е доволна за Златната топка. Кејн верува дека само трофеи од највисок ранг, како Лигата на шампионите или Светското првенство, можат реално да го доведат до најпрестижното индивидуално признание.
Според него, а и според многу фудбалски аналитичари, големите титули ја определуваат трката. Кејн вели дека дури и 100 голови во една сезона нема да бидат доволни ако не дојдат со врвни трофеи. Неговата актуелна форма во Баерн, како и шансите на клубот во Лигата на шампионите, му одат во прилог. Дополнително, Англија важи за сериозен кандидат на претстојното Светско првенство, клучен фактор за неговите амбиции.
Кејн останува целосно насочен кон освојување титули и со клубот и со репрезентацијата, уверeн дека токму тие ја отвораат вратата кон елитата на индивидуалните награди. Успехот на големите турнири, вели тој, би можел значајно да ја засили неговата кандидатура оваа година. За Кејн, головите се важни, но трофеите се вистинската валута во борбата за Златната топка.