Компани потпиша нов договор со Баерн до 2029

Винсент Компани го продолжи својот договор со Баерн Минхен и ќе остане на клупата на баварскиот гигант најмалку до јуни 2029 година. Одлуката доаѓа во момент кога клубот бележи извонредна форма и стабилност под негово водство.
Откако го презеде тимот во јули 2024, Компани има водено 67 натпревари, победувајќи 49 и и освојувајќи 2 значајни титули. Во моментов, Баерн е во серија од 12 победи по ред, што дополнително го нагласува позитивното влијание на белгискиот стратег.
Под негово раководство, тимот не само што тактички созреа, туку и значително ја зголеми конкуренцијата во составот, што се покажа како клучно во борбата на повеќе фронтови. Баерн игра со самодоверба и јасна визија, а клубот со ова продолжување покажува дека му верува на Компани и на долгорочниот проект кој тој го гради.