Крај на епизодата во Челси: Буонаноте се сели на Еланд Роуд

Buonanotte to Leeds

Лидс Јунајтед постигна вербален договор со Брајтон за позајмица на Факундо Буонаноте до крајот на сезоната. Овој потег доаѓа по одлуката на Челси предвреме да го прекине неговиот престој на Стамфорд Бриџ.

21-годишниот аргентински играч за врска беше примарна цел на менаџерот Даниел Фарке уште минатото лето, но тогаш „Сините“ успеаја да го „украдат“ во последен момент. По кратката епизода во Лондон, Буонаноте се враќа во Брајтон само за да ги финализира документите пред официјално да се пресели на Еланд Роуд, каде го чека клучна улога.

Престојот на младиот Аргентинец во Челси се покажа како разочарувачки. Со само 45 одиграни минути во Премиер Лигата, сите инволвирани страни се согласија дека е најдобро двемилионскиот договор за заем да биде прекинат. Овој пресврт му овозможува на фудбалерот да премине во средина каде ќе има загарантирана минутажа, додека Брајтон — кој го има под договор до 2028 година, ќе профитира од неговиот понатамошен развој во англискиот фудбал.

Во Лидс го гледаат Буонаноте како динамично освежување на нападот, кое совршено ќе се вклопи со играчи како Бренден Аронсон. Познати инсајдери веќе го потврдија трансферот, сигнализирајќи дека сè е подготвено за официјализација.