Аларм во ПСЖ: Кварацхелија со тешка повреда, Дембеле и Маркињос надвор од терените

Пари Сен Жермен се соочува со сериозна кадровска криза по победата од 4-2 против Барселона во Лигата на шампионите. Најтешко помина Хвича Кварацхелија, кој ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе мора да биде опериран во наредните денови.
Грузискиот репрезентативец го очекува долга пауза, а неговото враќање се предвидува во 2027 година. Постои сериозна можност за него предвреме да заврши сезоната.
Проблемите за тренерот Луис Енрике не завршуваат тука. Клубот потврди дека Усман Дембеле добил повреда на левиот бутен мускул, додека капитенот Маркињос има повреда на десниот бутен мускул.
Двајцата ќе бидат под медицински третман во следните неколку недели, што дополнително ги ограничува опциите на шпанскиот стратег во нападот и одбраната.
На листата повредени се наоѓа и Нуно Мендеш, кој има проблем со левиот бутен мускул по натпреварот против Стразбур. Португалецот, исто така, ќе отсуствува неколку недели.
Со Кварацхелија, Дембеле, Маркињос и Мендеш надвор од тимот, ПСЖ се соочува со сериозен предизвик во продолжението од сезоната. Иако парижаните имаат три победи од три натпревари во Лигата на шампионите, бројните повреди ќе бидат голем тест за славната длабочина на составот на Енрике.