Мадрид стои зад Алонсо: доверба, но и јасни очекувања

Реал Мадрид и покрај поразот од Манчестер Сити со 2-1 во Лигата на шампионите не планира тренерска промена. Клубот смирува шпекулации и истакнува дека стои зад Чаби Алонсо, иако резултатите во последните недели се далеку од очекуваните. Од управата нагласуваат дека тој останува клучна фигура во проектот, а од тимот очекуваат брза реакција, почнувајќи од гостувањето кај Алавес во недела.
По поразот, неколку истакнати фудбалери јавно ја нагласија својата поддршка. Тибо Куртоа изјави дека тимот е „целосно зад него“, додека Џуд Белингaм увери дека верува во насоката која Алонсо ја поставува. Тренерот ги пофали играчите за борбеноста против Сити, особено имајќи ги предвид повредите на клучни фудбалери. Поддршката стигна и од навивачите, кои по мечот испратија јасна порака: „Трпение, Чаби, веруваме во тебе.“
Иако Алонсо го задржува целосното доверие од соблекувалната и од клупските структури, атмосферата околу клубот бара резултатски пресврт. Следните натпревари ќе бидат клучни за смирување на надворешните критики. Во Реал Мадрид добро знаат дека просторот за нови киксови е минимален, како за тренерот, така и за тимот.