Меси не брза со одлуки: „Ќе играм додека чувствувам дека можам да давам максимум“

Лионел Меси ја нарече светската титула најголемиот момент во својата кариера, „сонот што го бркав цел живот“. По сите освоени трофеи, индивидуални и колективни, тој призна дека токму Светското Првенство било делчето што недостасувало за неговата кариера да биде целосна. „Тоа е нешто што секој фудбалер го сонува, да ја подигне најпосакуваната титула во спортот,“ изјави аргентинскиот ас.
Сега, кога големиот сон е исполнет, вниманието на Меси е насочено кон следната сезона со Интер Мајами. Тој планира внимателно да го процени своето физичко и психичко подготвување во претсезоната за да утврди колку може да придонесе и за клубот и за репрезентацијата на Аргентина.
„Ќе видам како ќе бидам со здравјето и формата. Сакам да бидам искрен со себе и со тимот, ако можам да помогнам, ќе бидам таму,“ Меси кога беше прашан дали ќе настапува повторно на Светското Првенство
Неговиот внимателен пристап покажува дека, и покрај годините и сите достигнувања, желбата да биде од корист и за Интер Мајами и за Аргентина не исчезнала. Меси останува посветен на рамнотежата меѓу клупските и репрезентативните обврски, воден од истата страст што го придружува од првиот ден на теренот.