Навивачите на Вест Хем прославија победа, но останаа да протестираат против раководството

Навивачите на Вест Хем приредија страстен протест во рамките на Лондон Стадионот, и тоа веднаш по победата од 3-1 против Њукасл. Иако резултатот донесе големо олеснување и прва домашна победа уште од февруари, дел од публиката остана на трибините околу 40 минути по последниот свиреж, барајќи промени во врвот на клубот.
Протестот беше организиран од навивачките групи „Hammers United“ и „Crossed Hammers“, кои ја насочија својата порака кон претседателот Дејвид Саливан и потпретседателката Карен Брејди. Оваа акција следуваше по неодамнешниот бојкот на натпреварот против Брентфорд и претставува дел од континуираниот притисок за ново раководство и посериозна визија за иднината на клубот.
На теренот, Вест Хем конечно го прекина долгото „сушно“ домашно издание. Головите на Лукас Пакета и Томаш Сучек, како и автоголот на Свен Ботман, му донесоа на тимот важни три бода.
Тренерот Нуно Еспирито Санто го нагласи значењето на триумфот, негов прв на домашен терен, и ја пофали посветеноста на навивачите. Истакнувајќи дека целта е Лондон Стадионот повторно да стане „тврдина“. Тој додаде дека тимот е решен да ги подобри настапите и да создаде атмосфера што ќе ги обесхрабри гостинските екипи.
И покрај победата, незадоволството од управата не стивнува. Клубот се наоѓа во долниот дел на табелата во Премиер Лигата, а поддржувачите стравуваат за иднината. Навивачките организации најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека не дојде до вистински промени.