Педри повреден, надвор од терените неколку недели

Асот во средината на Барса, Педри, ќе мора да направи пауза поради повреда. Каталонскиот клуб потврди дека младиот играч има парцијално кинење на дисталниот бицепс феморис во левата нога, што ќе го задржи надвор од терените најмалку 3 до 4 недели.
Овој период на опоравување значи дека Педри сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Елче во Ла Лига, гостувањето кај Клуб Бриж во Лигата на Шампионите, како и дуелот со Селта Виго. Неговото учество во мечевите со Атлетик Билбао и Челси останува под знак прашалник, зависно од текот на рехабилитацијата.
Отсуството на Педри е голем удар за тимот на Флик, особено во делот на креативноста и динамиката на средината на теренот. Барселона ќе мора да се потпре на другите играчи за да ја надополни енергијата и визијата што Педри ја внесува во играта, во период кога секој бод и секоја победа се клучни.