Повреди за Реал Мадрид — Валверде и Куртоа надвор од терените

Реал Мадрид се соочува со нови проблеми поради повреди на двајца клучни фудбалери. Уругваецот Феде Валверде доби повреда на семимембранозниот мускул на ногата, поради што нема да може да настапи за својата репрезентација во претстојните натпревари. Медицинскиот тим на клубот внимателно ќе ја следи неговата состојба за време на репрезентативната пауза, со надеж дека ќе се врати во тимот во најбрзо време. Отсуството на Валверде е сериозен удар за тимот, бидејќи оваа сезона е меѓу најконзистентните играчи на секоја позиција каде што е потребен .
Во меѓувреме, Тибо Куртоа се соочува со повреда на адукторниот мускул на десната нога, потврдена по медицинските прегледи по натпреварот со Рајо Валекано. Белгискиот голман ќе паузира околу две недели и ќе ги пропушти натпреварите на својата репрезентација против Казахстан и Лихтенштајн. Што е одлична вест за нас Македонците!
Отсуството на двајцата фудбалери претставува голем предизвик за Реал Мадрид, кој ќе мора да се потпре на ротации и тактички прилагодувања доколку отсутсвуваат подолг период. И покрај тоа, стручниот штаб останува оптимистичен дека Валверде и Куртоа ќе се вратат во составот пред продолжението на шампионатот.