ПСЖ без Нуно Мендеш, португалскиот бек ќе паузира по повреда на коленото

Nuno Mendes holding the ball on a rainy night in a psg shirt

Париз Сен Жермен потврди дека левиот бек Нуно Мендеш има истегнување на лигаментите на левото колено и во следните неколку недели ќе биде под лекарски надзор. Повредата се случи за време на поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а Португалецот веќе започна со рехабилитација.

Отсуството на Мендеш претставува сериозен удар за тимот на Луис Енрике, бидејќи тој е еден од најважните играчи во дефанзивната линија. Дополнителен проблем за ПСЖ е што и Ахраф Хакими и Усман Дембеле се надвор од терените поради повреди.

Мендеш оваа, и минатата сезона беше клучен во балансирањето на одбраната и нападот, а неговото враќање на терените сè уште нема точен рок. Клубот најави дека ќе објави нови информации по завршувањето на репрезентативната пауза. Навивачите се надеваат на брзо закрепнување на талентираниот Португалец.