Реал, Барса, Арсенал и Сити во трка за мексикански дијамант

Mexican talent, Gilberto Mora, front view

На само 17 години, Гилберто Мора веќе е едно од најспоменуваните имиња северноамериканскиот фудбал. Мексиканскиот офанзивен играч, кој блеска во редовите на Тихуана, го привлече вниманието на некои од најголемите европски клубови, меѓу кои Арсенал, Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид. 

Мора се истакна откако се проби преку младинскиот погон на Тихуана и дебитираше за првиот тим во 2024 година. Со својата визија, креативност и учинок во голови и асистенции, брзо се наметна како еден од најперспективните млади играчи. На Светското Првенство за играчи под 20 години постигна 3 гола и подели 2 асистенции, што дополнително го зголеми интересот околу него. 

Арсенал и Манчестер Сити се меѓу фаворитите за неговиот потпис, но како и сите европски клубови, ќе мора да почекаат до октомври 2026 година, кога Мора ќе наполни 18 години, поради правилата на ФИФА за трансфери на малолетни играчи. Дотогаш, клубовите тивко работат зад кулисите за да бидат подготвени. 

Барселона и Реал Мадрид исто така внимателно го следат неговиот развој. Барса има свои луѓе со добри врски во Тихуана, додека се вели дека Мора сонува еден ден да го носи белиот дрес на Реал. Но, шпанските гиганти не брзаат, му даваат време за да созрее. 

Мора е брз, технички силен и вешт со двете нозе, што го прави еден од највозбудливите таленти во мексиканскиот фудбал.  

Мексиканскиот клуб е свесен за големиот интерес и очекува висока сума за трансфер кога Мора ќе може да се пресели во Европа. Иако Челси се спомнува како нов заинтересиран клуб, главната трка и понатаму ја водат Арсенал, Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид. 

Мора, сепак, не брза. Фокусиран е на својот развој и на чекорење кон фудбалскиот врв – чекор по чекор.