Реал без ѕвезденото трио на дебито на Арбелоа против Албасете

Arbeloa press conference as Real Madrid coach

Реал Мадрид се соочува со сериозен тест во осминафиналето од Купот на Кралот против Албасете, натпревар кој ќе го одбележи дебито на Алваро Арбелоа како привремен тренер на „Кралевите“. Шпанскиот гигант ќе настапи без неколку клучни имиња, меѓу кои Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Родриго, додека Винисиус Жуниор останува единствената голема офанзивна ѕвезда во составот.

Мбапе се уште чувствува последици од повредата на коленото добиена, а неговото кратко појавување како замена загубата во финалето против Барса само ја потврди недоволната подготвеност. Белингам доби одмор, заедно со Орелиен Чуамени, додека Родриго е надвор поради повреда. Отсуството на целата напаѓачка тројка го принудува Арбелоа да се потпре на помлади фудбалери.

Ситуацијата не е ништо подобра ниту во дефанзивната линија. Антонио Ридигер и голманот Тибо Куртоа не се во комбинација, а подолго време надвор од терените се и Едер Милитао, Трент Александер-Арнолд и Ферлан Менди. За да ја пополни празнината, Арбелоа повика пет фудбалери од Кастиља, меѓу кои Мануел Анхел, Хорхе Сестеро и Сесар Паласиос, сигнализирајќи јасна ориентација кон младинскиот погон.

Во својот прв список, Арбелоа се одлучи за ротации и преземање ризик, со фокус и на претстојниот првенствен дуел против Леванте. Албасете, една од двете преостанати екипи од Сегунда дивизијата во Купот, ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да приреди изненадување на Естадио Карлос Белмонте.

Иако Реал Мадрид и понатаму има квалитет на своја страна, овој натпревар претставува вистински испит за новиот тренер, кој на промоцијата најави храбар и бескомпромисен пристап со цел да се надмине периодот на нестабилни резултати.