Семењо блеска, Сити сигурен против Њукасл во полуфиналето

Манчестер Сити направи значаен чекор кон финалето на Карабао Купот, откако славеше со 2-0 против Њукасл во првиот полуфинален натпревар на Сент Џејмс Парк. Погодоците на Антоан Семењо и Рајан Черки му донесоа на тимот на Пеп Гардиола комотна предност пред реваншот, закажан за 4 февруари на Етихад.
Новото засилување на Сити, Антоан Семењо, повторно беше во центарот на вниманието. Напаѓачот пристигнат од Борнмут за 65 милиони фунти го отвори резултатот во 52. минута, откако одлично реагираше во шеснаесетникот по центаршутот на Џереми Доку и асистенцијата со глава од Бернардо Силва. Тоа беше негов втор погодок во исто толку настапи, откако на деби-мечот против Ексетер запиша гол и асистенција.
Семењо уште еднаш ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен по интервенција на ВАР. И покрај тоа, неговата енергија и движење создаваа постојани проблеми за одбраната на Њукасл.
Домашните имаа одличен почеток и двапати ја погодија рамката од голот преку Жоан Виса и Бруно Гимараеш, но Манчестер Сити издржа, а голманот Џејмс Трафорд имаше неколку клучни интервенции.
Во самиот финиш, резервистот Рајан Шерки ги реши сите дилеми со прецизен удар во 98. минута, потег кој му донесе пофалби од стручните коментатори и дополнително ја зацврсти позицијата на Сити пред вториот натпревар.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, не го криеше разочарувањето поради неискористените шанси, но порача дека полуфиналето сè уште не е решено и дека во Манчестер се можни „магични моменти“. Сепак, бранителите на трофејот ќе имаат тешка задача да ја надоместат негативата.
Од друга страна, младите дефанзивци на Сити, меѓу кои Кусанов и Алејн, оставија одличен впечаток, носејќи му чиста мрежа на својот тим и дополнителна самодоверба пред продолжението на сезоната