Шок потег на повидок? Манчестер Сити размислува за тренерот на Челси

Enzo Maresca targeted by Manchester City

Манчестер Сити сериозно го следи тренерот на Челси, Ензо Мареска, како можен наследник на Пеп Гардиола, во случај шпанскиот стратег да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Иако Гардиола има договор до 2027 година, сè погласни се шпекулациите дека неговата ера на Етихад би можела да заврши порано од очекуваното.

Мареска не е непознато име за „Граѓаните“. Италијанецот има работено во младинските категории на Сити, а беше и дел од стручниот штаб на првиот тим, што го прави добро позната и ценета фигура во клупската хиерархија.

Според информации од блиски извори до клубот, Манчестер Сити веќе прави сценарија за иднината без Гардиола, а Мареска се наоѓа високо на листата на потенцијални кандидати. Неговиот впечатлив успех со Челси: четврто место во Премиер Лигата, титула во Конференциската Лига и освоеното Светско Клупско Првенство — дополнително го засили интересот.

Дополнителен контекст на целата приказна даваат и неодамнешните изјави на Мареска во кои алудираше на недоволна поддршка од раководството на Стемфорд Бриџ. Во Сити, пак, високо ја ценат неговата тактичка зрелост, обликувана токму под менторство на Гардиола, што го прави логично и „безболно“ решение за евентуален преоден период.

Фактот дека Мареска ја дели фудбалската филозофија на Гардиола, доминација во поседот и позиционен фудбал, сугерира дека тој би можел да го продолжи препознатливиот стил на Манчестер Сити. Сепак, евентуалното преземање на тренер од директен ривал од „топ 6“ би било силна порака до Премиер Лигата.

Скептиците посочуваат дека, и покрај успесите со Лестер и трофеите со Челси, Мареска сè уште нема докажано дека може да издржи континуиран притисок на апсолутното елитно ниво, какво што го постави Гвардиола со шест титули во Премиер Лигата и трофејот од Лигата на Шампионите. Од друга страна, неговиот брз напредок, познавањето на клубот и јасната визија го прават сериозен кандидат, иако во игра остануваат и други тренери со подебело шампионско „CV“.