Сити го сруши британскиот рекорд за тинејџери: Ајуб Буади е новото мега-засилување на Мареска

Ајуб Буади и Манчестер Сити

Манчестер Сити постигна целосен договор за трансферот на 18-годишниот играч за врска Ајуб Буади од редовите на Лил. Целокупниот пакет тежи 95 милиони евра загарантирана сума, со дополнителни 5 милиони евра низ лесно остварливи бонуси.

Мароканскиот репрезентативец беше изоставен од составот на францускиот клуб овој викенд и веќе патува кон Англија. По комплетирањето на задолжителните медицински прегледи, Буади ќе стави потпис на шестгодишен договор со „граѓаните“, кој ќе го врзе за „Етихад“ до јуни 2031 година.

Во овој преоден рок Сити постави нов стандард во Англискиот фудбал. Буади официјално станува најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата. Оваа сума го соборува претходниот рекорд на Лени Јоро, кој во 2024 година исто така од Лил премина во редовите на Манчестер Јунајтед за 70 милиони евра.

Буади, кој дебитираше како најмлад фудбалер во историјата на Лил со само 16 години, дополнително ја крена својата цена летово, каде што како стартер го предводеше Мароко до историското четвртфинале на Светското првенство.

Доаѓањето на младиот Мароканец е дел од темелната реконструкција на средниот ред по заминувањето на Родри во Барселона. Заедно со претходно ангажираниот Елиот Андерсон (платен 116 милиони евра), клубот инвестираше преку 200 милиони евра во засилувања во централната линија во еден трансфер-прозорец.

Буади, кој еднакво добро се сналаоѓа и како дефанзивен креатор и како агресивен „бокс-ту-бокс“ играч, на тимот ќе му донесе дополнителна динамика.