Солшер меѓу кандидатите за менаџер на Рејнџерс, Џерард незаинтересиран

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер, е во напредни преговори за враќање во британскиот фудбал, откако Рејнџерс покажа сериозен интерес да го донесе на клупата.
Шкотскиот клуб остана без тренер по смената на Расел Мартин, само два месеци од почетокот на сезоната 2025–26. Солшер се појави како еден од главните кандидати за да го наследи.
Стивен Џерард, кој му донесе титула на Ренјџерс во 2021 година, исто така бил контактиран во врска со можно враќање на Иброкс. Сепак, поранешниот капитен на Ливерпул наводно ја одбил понудата, но ја оставил вратата отворена за враќање во иднината.
Солшер не е единствената опција за Рејнџерс. Клубот разгледува и други имиња, меѓу кои Бо Свенсон, Кевин Маскат и Дени Рел. Дополнителна неизвесност носи фактот што Солшер веќе имал разговори и со Шведската фудбалска федерација околу селекторската позиција, што би можело да ја искомплицира ситуацијата.