Студентите од ФИКТ со едукативна и натпреварувачка презентација на тема сајбер безбедност

Студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) успешно одржаа едукативна презентација на тема сајбер безбедност, при што беа обработени актуелни предизвици, закани и најдобри практики за заштита во дигиталниот свет.
Настанот се одржа во просториите на факултетот, и беше организиран во форма на тимско натпреварување, при што студентите беа поделени во тимови кои меѓусебно се натпреваруваа преку презентации, анализи и практични решенија од областа на сајбер безбедноста. Ваквиот концепт овозможи демонстрација на практични вештини, критичко размислување и тимска работа.

Целта на настанот беше да се подигне свеста за значењето на сајбер безбедноста, како и да се поттикне интересот кај младите за оваа сè поважна и динамична област. Студентите покажаа високо ниво на подготвеност, стручност и практично знаење, што беше позитивно оценето од присутните.
Како поддршка на младите таленти и нивниот ангажман, КС Групацијата ги награди тимовите кои го освоија првото и второто место со пригодни подароци, меѓу кои и „smart“ часовници. Ова признание претставува значаен поттик за нивниот понатамошен професионален развој и унапредување на знаењата во областа на информациската безбедност.

КС Групација и втора година по ред активно инвестира во образованието и развојот на младите, препознавајќи ја нивната клучна улога во градењето на безбедна, иновативна и дигитално напредна иднина.