Taџ Гибсон потпиша двегодишен договор со Мемфис

Слободниот кошаркар, Taџ Гибсон, ќе потпише договор за две сезони со екипата на Мемфис објавија дел од медиумите во САД.

Ветеранот кој има 40 години ќе се врати во НБА и ќе ја реализира 17-та сезона.

Играчот кој е висок 206 сантиметри, во претходната сезона одигра 37 натпревари за Шарлот со просек од 2,9 поени и 3,2 скока.