Teжок пад на Вон, пренесена со хелихоптер во болница

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот од нејзиниот настап во спуст во Кортина д’Ампецо, во рамките на Зимските олимписки игри. Вон излезе на патеката и покрај сериозната повреда на коленото, бидејќи се натпреваруваше со скинати вкрстени лигаменти, но нејзиниот обид заврши многу брзо на драматичен начин. Падот беше исклучително тежок, а сцените што следеа ги потресоа и публиката и гледачите во близина на малите екрани.