Трент Александер-Арнолд: „Нема да славам ако дадам гол против Ливерпул“

Трент Александер-Арнолд вети дека нема да слави доколку постигне гол против Ливерпул, кога неговиот нов клуб Реал Мадрид ќе оди на гости на Енфилд во Лигата на Шампионите.
Англискиот бек призна дека судбината имала прсти во жрепката.
„Кога беше извлечен парот, сите некако знаеја дека тоа ќе се случи… Ливерпул против Реал, беше како да е запишано,“ изјави тој со насмевка.
За Александер-Арнолд, ова ќе биде посебен дуел, исполнет со мешавина од емоции. „Знаев дека еден ден ќе се соочам со Ливерпул, но не очекував дека ќе биде толку брзо. Чудно е, бидејќи тие ми значат многу,“ рече тој.
Скаусерот истакна дека целосно го разбира предизвикот што го носи натпреварот. „Атмосферата на Енфилд секогаш прави разлика. Иако Ливерпул немаше најдобри резултати во последно време, тие и понатаму се врвен тим. Знам колку се опасни, играв под тој тренер и со тие играчи,“ додаде тој.
Александер-Арнолд откри дека и понатаму е во контакт со своите поранешни соиграчи. „Имаше многу пораки: со Робертсон, Мо Салах, Ибу Конате… сите се шегувавме, како да сите однапред знаевме дека ќе се паднеме едни против други,“ рече со насмевка.
Иако се соочува со конкуренција и повреди во Реал, Англичанецот останува фокусиран и скромен.
„Ако дадам гол, нема да славам. Тоа е чисто од почит кон клубот што ми даде сè,“ изјави Трент.