Трилер со 9 голови на натпреварот меѓу Фулам и Манчестер Сити

Frontview of Erling Haaland patting the Man City badge

Манчестер Сити победи со 5-4 на гости кај Фулам во неверојатен премиерлигашки дуел вчеравечер. Најголемата ѕвезда на мечот беше Ерлинг Халанд, кој со својот погодок го постигна историскиот 100-ти гол во Премиер лигата, станувајќи најбрзиот играч кој го достигнал ова, за само 111 натпревари. Норвешкиот напаѓач отвори со гол во 17-та минута, ефективно завршувајќи удар од асистенцијата на Џереми Доку. Но, ова беше само почеток на спектаклот што следуваше, Сити имаше водство од 5-1 пред да дојде реакцијата на Фулам, која ја одржа неизвесноста до последниот свиреж.

Голот на Халанд не само што му донесе предност на Сити, туку и го сруши рекордот на Алан Ширер за најбрзо постигнат 100-ти гол во Премиер лигата, кој беше поставен на 124 натпревари. Со овој неверојатен рекордн, Халанд потврди зошто е еден од најдобрите напаѓачи во светот. По неговиот гол, Фил Фоден и Тијани Рејндерс го зголемија водството пред полувремето, а Фоден повторно стрелаше во вториот дел, додека автоголот на Сандер Берге го направи резултатот 5-1.

Фулам се врати во игра со прекрасен гол на Алекс Ивоби, кој погоди од далечина, а потоа, за кратко време, Самуел Чуквезе даде два брзи гола, што го направи резултатот 5-4 и ја раздвижи атмосферата на Крејвен Котич. Меѓутоа, Јошко Гвардиол беше решавачки со неверојатна одбрана на линија, спречувајќи гол од Џош Кинг и донесувајќи ја победата за Сити. Оваа победа ги задржа амбициите на Манчестер Сити за титулата, што беше особено значајно во периодот кога тимот се наоѓа само два бода зад лидерот Арсенал.