УЕФА дава нови привилегии за шампионите во ЛШ од 2027

Од сезоната 2027/28, Лигата на Шампионите ќе започне со нов концепт што ќе му даде посебен третман на актуелниот шампион. УЕФА објави дека бранителот на титулата ќе ја отвори новата сезона сам, во натпревар што ќе се игра во вторник вечер, без други мечеви тој ден.
Наместо класичниот распоред со повеќе паралелни дуели, шампионот ќе ја има целата сцена само за себе. Натпреварот ќе биде придружен со спектакуларна церемонија и ќе се пренесува глобално преку водечка стриминг платформа. Со овој потег, УЕФА сака да го засили интересот и да му оддаде посебна почит на најдобриот тим од минатата сезона.
Останатите натпревари од групната фаза ќе се играат во среда и четврток, што дополнително го нагласува статусот на шампионот. Овој нов распоред има за цел да привлече поголема публика и да го претвори стартот на сезоната во вистински фудбалски спектакл.