Вакцинални процедури го спречија настапот на тројца репрезентативци на Аргентина

Тројца фудбалери на аргентинската репрезентација, Хулијан Алварес, Нахуел Молина и Џулијано Симеоне, нема да бидат дел од составот за пријателскиот натпревар против Ангола. Играчите не успеале навреме да ги завршат здравствените протоколи поврзани со вакцината против жолта треска, задолжителна за патување во африканската држава.
Аргентинската фудбалска федерација потврди дека триото не ги добило потребните медицински документи во предвидениот рок, што го оневозможи нивното патување во Луанда за натпреварот во петок. Вакцинирањето против жолта треска е вообичаена процедура за посетителите на региони каде што вирусот е присутен, како што е случајот со делови од Африка.
Сепак, отсуството на овие играчи не се смета за голем удар, бидејќи станува збор за пријателски натпревари кои нема големи натпреварувачки тежини. Аргентина веќе обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година, па селекторот Лионел Скалони ќе ја искористи приликата да тестира нови тактички решенија и да даде шанса на други фудбалери.